Вебинар за еМаркетинг

prezenteri vebinar Вебинар за еМаркетингЧујте и почујте. Е-Невладина во соработка со Интернет Маркетинг Агенција го најавува првиот од серијата Вебинари на тема Интернет Маркетинг.

На овој вебинар ги повикуваме сите кои сметаат дека имаат преголем оверлоуд од информации за: Facebook, Twitter, Ribbit, социјални мрежи, веб Маркетинг, интернет Маркетинг, е/Маркетинг , science fiction Маркетинг, и слично…

За да ја упростиме комплицираноста и обемноста на информациите од овој тип, преку овој вебинар ќе се обидеме на наједноставен начин да ви ги презентираме техниките за успешен Маркетинг преку интернет

Главните 3 работи што ќе треба да ги запаметите се:

  • Креирај
  • Оптимизирај
  • Промовирај

Ова значи дека процесот наративно обајaснет би бил:

Креирање и создавање на интересна веб содржина, нејзина oптимизација за пребарувачи, промоција со цел креирање надворешни линкови, создавање посетеност и на крај продажба.

Не се секирајте. нема да ви зборуваме за фиктивни и досадни бај д бук  процеси, процедури, правила  итн

За експериментален глушец го земавме токму вебсајтот на е-Невладина и направивме напори да го обајснеме Интернет Маркетингот со конкретен, жив пример, и каковсушност изгледа Интернет Маркетинг во пракса.

Ве покануваме да се регистирате за овој Вебинар и учествувате во наредната недела на практична примена на  техниките и резултати од промоцијата токму на овој вебинар.

Презентери:
webinar Вебинар за еМаркетинг1. Никола Бојков@osogovo

2. Наталија Трајчевска -@natalija

3.Билјана Пешевска -@biljana

4. Марко Ѓоргиовски -@gmarko