За нас

Мисијата на Здружението на граѓани – Е-невладина е да го катализира развојот на секој аспект на е-општеството, е-владата и е-бизнисот во Македонија

Целите и задачите на Здружението се состојат од следното:

  • Развој на среднорочни и долгорочни стратегии за промовирање на практичната и креативната употребата на Интернетот во Македонија во секојдневниот живот
  • Организирање на настани и создавање на веб содржини од промотивно-едукативен карактер за зголемување на свеста за корисностите на Интернетот и новите технологии, како и позиционирање на интернетот како медиум кој ги поврзува бизнисот, образованието, културата, забавата, уметноста итн.
  • Промовирање на репер-практики во областа на развој на веб присуство на деловните субјекти во Македонија, како и нивно информирање за корисностите на употребата на Е-бизнис практики и дигитализација на процесите
  • Помагање на развојот на Интернет маркетингот во Македонија и регионот преку организирање на работилници, семинари и предавања, како и организирање на натпревари во истата област
  • Зглемување на бројот на интернет крисници со што ќе допринесеме за развој на интернет општеството во Македонија
  • Поттикнување и помагање на идеи и иницијативи за интернет проекти од општ интерес, како и за помагање при нивна реализација
  • Идентификација и напори за намалување на пречките за развој на Интернет општество во Македонија, како и соработка со владини тела и институции во пренесување на своето искуство од реализираните проекти и предлагање на промени во регулативи и процедури за развој на интернет општеството, е-комерцијата и е-бизнисот во Македонија
  • Дејствување во насока на зголемување на можностите за инвестиција во интернет технологии што би довело до отворање на нови работни места
  • Дејствување во зголемување на поврзаноста на регионалните електронски пазари.
  • Дејствување во насока на кавантифицирање појавите во интернет општеството во Македонија, како и овозможување на пристап до резултатите кон широките маси
  • Изградба на долготрајни односи на соработка со организации кои имаат сродни цели како во земјата така и во светот
  • Здружување и размена на информации со НВО од светот и други интернационални институции
Повеќе

Стани Волонтер

Критериуми:
- креативнст
- позитивност
- снаодливост

kontakt@e-nevladina.com

Copyright © 2008-2010 е-Невладина. All Rights Reserved.