е-Маркетинг Вебинар – Имате вебсајт и што да правите со него
Супер содржина+ Оптимизација + Промоција +Ажурирање = Резултати
Cодржина: За што ви треба вебсајтот?!
Сите имаат; Да бидам во мода; Да имам е-маил со мој домаин. Ако ова се вашите одговори време е да го земете пенкалото и на лист хартија да напишете: Да создадам поуспешен бизнис!
Оптимизација: Како да ве најде Google?
Презентација на основни трикови и техники за оптимизација на вашата содржина со цел спријателување со чичко Гугл (Читај SEO)
Промоција по социјални мрежи
Социјализирајте се, дружете се и создавајте бизнис. Социјалните мрежи се одлични локации за среќавање со вашите клиенти, соработници и др. контакти.
Снимка од еМаркетинг вебинарот – Имате веб сајт и што да правите со него?
Голема благодарност до сите они кои беа дел од еМаркетинг вебинарот и сите оние кои активно го следеа вебинарот преку преносот и твитер. Се надеваме дека ви помогнавме барем малку и одговоривме на вашите прашања. Како што беше споменато на самиот вебинар ова е само воведен вебинар, бидејќи еден вебинар е премалку за да можеме да зборуваме за Оптимизација за пребарување, Интернет Маркетинг, Повик кон акција. За секој од овие делови ќе следи посебен вебинар, каде ќе се потрудиме овие теми подлабоко да бидат разработени. Во продолжение следи снимката од вебинарот и презентацијата од истиот.
Дознај Повеќе